Природата лечи рани!

Мед

Ако раните тешко ви зараснуваат пробајте, да ги излечите со мед. Размешајте една супена лажица мед и една жолчка од јајце. Така добиената смеса поставете ја на тивок оган и мешајте додека не се згусне, но не дозволувајте да зоврие. Мелемот поставувајте го на раната два пати дневно, додека не заздрави.

Жолт кантарион

Многу ефикасно средство за зараснување на рани е мешавина од цветови на кантарион и масло. Оваа комбинација можете да ја користите само ако не ви е итно, затоа што пред да се употреби смесата треба да отстои 20 дена.

Кромид

Кромидот во минатото бил користен од лекарите за време на војна. Вие ќе го забрзате заздравувањето на раната ако изрендате кромид и го поставите врз неа. Повторете го тоа неколку пати.

Алое вера

Алоето содржи витамин Ц, витамин Е и цинк. Тие му ја даваат способноста лесно да заздравува рани. Пресечете едно ливче алое вера и исцедете го сокот врз раната.

Advertisement