Во минатото се користел најмногу во медицината, а и денес се познати бенефитите од ова растение од кое всушност се консумираат изданоците, со бело – зелена боја. Популарно се напрекува шпарагли (аспарагус), и има ситни цветови со жолтеникава боја.

Аспарагус (лат. Аsparagus officinalis) е билка која е позната уште од Aнтичкиот свет, каде особено била почитувана од Римјаните и Старите Грци. Оваа билка не е доволно позната во Македонија, а претставува повеќегодишно растение со висина до околу 3 метри. Најмногу е распространето околу Средоземното Море и Мала Азија, но се одгледува и во другите делови на светот, при што Западот има голема побарувачка од ова растение.

Растението содржи растителни влакна, антиоксиданси како лутеин и каротин, тиамин, пантотенска киселина. Неговите благотворни влијанија се особено значајни, поради растителните влакна, кои носат големи бенефити за целокупното здравје, но и останатите витамини кои ги содржи: C, A, E. Билката се препорачува да се чува и бере при ниска температура, за да не го изгуби шеќерот кој го содржи во себе.

Аспарагусот најмногу се користи за:

  • регулација на шеќер во крвта
  • спречување рак на дебело црево
  • лекување на проблеми со дигестивниот систем
  • заштитува од развој на различни психички болести
  • спречува развој на штетни инфекции

Дополнително растението спречува апсорбирање на штетните состојки во организмот и го намалува лошиот холестерол.Поради присутството на сите негови состојки ги отстранува штетните радикали од телото и е подигнувач на имунитетот при напад од различни болести. Овој производ е дел од диетите на многу светски ѕвезди, како производ кој до брзо не беше достапен на обичните пазари.Спречува и развој на срцеви болести поради количеството на витамин Б во него, а воедно ги зајакнува и крвните садови.

Аспарагусот истовремено се препорачува поради способноста да ги зајакнува коските, и да го намали ризикот од различни алергии. Од тука, може да се заклучи дека има позитиивно влијание врз целокупното здравје на човекот и се препорачува како добра храна за трудниците, поради фолната киселина која ја содржи.

Според голем број научници, тој е еден од најдобрите алтернативни начини за спречување на рак и неговото лекување поради присутството на антиоксиданси, во комбинација со други алтернативни методи.

Растението подеднакво многу се користи и во исхраната, каде претставува вистинско хранливо освежување. Дозволува комбинирање со други зеленчуци и сервирање со различни други додатоци за креирање специјалитети по вкус на оној кој готви.

Advertisement