teska tasna

Неадекватната торба создава кај децата, не само физички и физиолошки промени, туку и психички. Анкетите спроведени меѓу учениците покажале дека голем број од нив не го сакаат училиштето, токму поради претешките ранци.

Поради страв нешто да не пропуштат, децата во ранецот ставаат се и сешто, а родителите и учителите не водат доволно сметка за тоа. Понекогаш ученичката торба е тешка и по 5-6 килограми, а кардиолозите предупредуваат дека тој товар не само што го оптеретува скелетот на детето, туку и неговиот срцев мускул.

Лекарите предупредуваат дека неадекватните торби имаат големо влијание врз помтењето, моторичките способности, издржливоста, брзината и спретноста на детето.   Сето тоа, може многу да влије врз севкупниот успех во училиштето.

Сподели