Хроничната бубрежна инсуфициенција е сериозна болест, која може да има трајни последици, опасни по животот . Спречете го развојот на болестите, пред тие да предизвикаат сериозни оштетувања на бубрезите. Нормално тоа бара, да ги знаете ризик факторите на оваа болест. Колку болеста побрзо се открие, толку е поголема шансата за лекување и побрзо закрепнување.

bubrezi

Ризик фактори за заболување на бубрезите:

– Хипертензијата или покачен крвен притисок  е една од главните причини за добивање бубрежна болест. Оштетените крвни садови можат да предизвикаат намалена бубрежна функција, па бубрезите тешко го филтрираат отпадот и тешко го одржуваат балансот на телесните течности .

– Дијабетесот, исто така се смета за многу важен ризик фактор за развој на оваа болест. Тој ги оштетува малите крвни садови, кои влегуваат во бубрегот. Оштетените крвни садови предизвикуваат бубрезите да задржуваат дополнителна вода и натриум.

Луѓето, чии членови на семејството имаат хронична бубрежна болест или се на дијализа, имаат поголем ризик фактор да ја закачат оваа болест. Преголема доза на лекови, исто така може да предизвика повреди на бубрегот. Ибупрофен и ацетаминофен се меѓу лековите, кои можат да предизвикаат воспаление на овие органи и да се зголеми ризикот од можни болести на бубрезите.

Сподели