Препораката за здрав живот и е секогаш здрава храна, пилатес и добар сон!

Пилатес овозможува програми за цврсто, обликувано, совршено и ново тело, водејќи се според максимата на Јосеф Хабертус Пилатес: за десет тренинзи ќе ја почувствувате разликата, за дваесет ќе ги видите резултатите, а за триесет ќе имате совршено ново тело, вели Ирина Митевска, која по професионалниот ангажман во МОБ како балерина, одлучи да отвори прво специјализирано пилатес-студио. И тоа беше во 2002 година. На г-ѓа Ирина Митевска и поставивме неколку прашања околу тоа, како таа се грижи за своето здравје, што најчесто јаде, како ги советува младите да го одржуваат своето здравје…………

пилатес1

1. Mоже ли да ни кажете како го одржувате вашето здравје?

Митевска:  Вообичаено, со исклучиво здрава храна, која се состои од овошје и зеленчук. Дневно имам многу активности, како вежбање пилатес, трчање заради кондиција, индивидуални тренинзи пилатес и многу пешачење. И секако малку стресови со оглед на тоа што јас заедно со мојот тим ги осмислувам сите организации и задачи околу PowerHouse Pilates by Irina Mitevska. Тука се и состаноците за договореното, околу проектите и решавање на тековните проблеми што се јавуават во сите четири студија. Секако, тоа додатно одзема многу енергија, но, од друга страна бенефитот е голем бидејќи имаме задоволни стални членови.

2. Што најчесто се храните и кое ви е омилено јадење?

Митевска: Најчесто храната ми се состои, за појадок од сокови и овошје со додаток мусли и секако јаткасто овошје. Јаглехидратите повеќе се полезни во првата половина од денот, бидејќи тие имаат продукција на енергија која е потребна во текот на целиот ден. За ручек секако зеленчук, риба, морска храна, понекогаш тоа го заменувам со интегрални тестенини во комбинација со салата или сето тоа помешано. За вечера, млеко и млечни производи. Лебот целосно го отфрлив од моето мени.

3. На кој начин ја одржувате вашата линија?

Mитевска:  Професионално сум со активност секојдневно, која помага во одржување на мојата телесна тежина и физичка конституција, порано балет, а сега пилатес. Тоа би значело со интензивна физичка активност и вежбање во мојот случај пилатес, како дел од мојата професија. Секако тука е и здравата исхрана и сонот. Само така издржувам повеќе од 5 часа на ден.

 

пилатес2

4. Дали вежбате и што најчесто?

Митевска:  Бидејќи порано се занимавав професионално со класичен балет, тогаш балетот ми беше главна и првична преокупација, а сега исклучиво пилатес. Мојот одмор е само тогаш кога ги осмислувам и комбинирам вежбите, кои морам да бидам сигурна дека ќе им се допаднат на моите девојки, редовни, долгогодишни членови..

5. Сметате ли дека диетите придонесуваат за намалување на тежината или тоа го прави здравиот начин на живот?

Mитевска: Диетите се еден, но не и единствениот, односно најпогодниот начин за одржување на телесната тежина. Здравиот живот, што подразбира здрава храна, физички активности и смирен живот, секако е најголемиот дел од решението како да се одржи нормална телесна тежина. Мојата препорака секогаш е здрава храна, пилатес и лесен сон.. Tоа е единствената најефективна техника за вежбање бидејќи тоа е вежбање што го обликува телото, започнувајќи од најдлабоките мускулни влакна. Така резултатите се видливи многу брзо и секој кој го посетува нашиот динамичен пилатес е задоволен по само неколку тренинзи.

6. Како би ги советувале младите генерации да се грижат за нивното здравје?

Mитевска: Младите генерации покрај технолошките опкружувања што ги прават неактивни, поради неприродната позиција на телото, секогаш  им посочувам задолжително вежбање, можеби тоа да е пилатес или техника која ги прави среќни и ги исполнува. Исто, мојот совет е во секоја пригода да се исхрануваат здраво и да имаат редовни физички активности, како возење велосипед, пешачење, пливање, спортување или сосема друга техника. Напоменувам, здравјето е најесенцијалниот дел од животот. Чувајте го и грижете се за себе. Тоа е нашата примарна задача.

7. Од што се состои еден ваш дневен оброк?

Митевска:  Kако што напоменав, наутро обилен појадок од цедени сокови и овошје,  кои се состојат од јаглехидрати, ручек најчесто комбинација од зеленчук и риба, морска храна, а навечер млеко, млечни производи.

Scroll To Top