Празот не дозволува висок притисок

praz

Празот е од истата фамилија на зеленчуци како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Тој е нискокалоричен  и во 100 грама праз има само 28kcal. Заради неговиот мирис луѓето избегнуваат да го јадат, иако тој важи за еден од најквалитетните зеленчуци.

Празот е еден од најдобрите извори на витамин А (1.667 интернационални единици или 55 проценти од дневно препорачаната доза во 100 грама) и други флавоноидно-фенолни антиоксиданси, како што се каротини, ксантин и лутеин. Исто така содржи и други есенцијални витамини, како што се: витамин Ц, витамин К и витамин Е. Витаминот Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективни агенси и ги собира штетните слободни радикали кои предизвикуваат воспаленија. Исто така, стеблата праз во себе содржат и мали количини од минералите: калиум, железо, калциум, магнезиум, манган, цинк и селен.

Неговиот внес во исхраната е многу важен за организмот на човекот. За празот можеме слободно да кажеме дека е природен антибиотик, доколку се јаде често не дозволува да дојде до покачување на притисокот,холестеролот во крвта и го јакне имунитетот.Тој помага при варењето на храната, треба да биде незаменлив зеленчук на трпезата на бубрежно болните, и е најголем сојузник за борба за здрава и еластична кожа. Како и сите други зеленчуци, така и празот треба да се избегнува да се готви, бидејќи при готвењето се губат сите хранливи состојќи .Најубаво е да се јаде како салата.

Scroll To Top