apcinja1Дали посегнувате по лек против главоболка и при најмало наговестување на болење? Дали секоја кавга, недоразбирање или несоница ја решавате со „спасоносната таблета за смирување“ која секогаш ви е при рака? Зачестеното и неконтролирано пиење на лекови, кај некои лица се претвара во опсесија, која сериозно добива размери на вистинска зависност.

Неретко во домаќинствата можат да се пронајдат аптеки „ во мало“ преполни со најразлични лекови, препишани во различно време и за различна намена. Роковите на траење честопати се со истечен рок, а симптомите за кои се земал лекот одамна се заборавени. Сепак, лекот честопати со најодбра, меѓутоа , потполна погрешна намера, им се препорачува на пријателите, соседите , членови на семејството……..

Освен погрешниот пристап на лекување (поточно самолекување), достапноста кон разните лекови ги прави привлечни  дури и за детското експериментирање. Начинот на однесување на возрасните, секогаш преставува несвесен пример и за однесување на младите.

Секако дека не треба да се трпи болка, меѓутоа, лековите треба да се земаат контролирано и со препорака на лекар. Не треба да се создаваат непотребни залихи и не треба да се дозволи разните лекови да се чуваат дома. Жените се посклони на пиење лекови од мажите. Истражувањата во земјите од ЕУ покажуваат дека девојчињата, гледајќи од своите мајки и  тие лесно посегнуваат по лекови, од момчињата.

Сподели