bebe sto jade 10При давањето нова храна на бебињата треба да се придржувате на следните правила:

Храната се воведува по следниот редослед: житарки, зеленчук, овошје, месо, жолчка од јајце итн.

Се започнува со мала количина (на пр, една или две лажици, додека остатокот од оброкот е составен од млеко)

При воведување на нова храна, се воведува само по една намирница на ден и се дава три дена – за во случај на појава на алергија, да се знае точно што ја предизвикало. Така се воведуваат најмногу по две намирници неделно.

Зеленчукот се воведува три недели по житарките, а овошјето две недели по зеленчукот.

Во петиот месец, еден оброк може да биде млечна кашичка со житарки без глутен. Кон крајот на петиот месец, наместо вториот млечен оброк, може да се воведе пасиран зеленчук (морков, компир, зелен зеленчук, пашканат).

За бебето да може правилно да го формира вкусот, не се препорачува мешање на повеќе видови зеленчук одеднаш.

Немлечната храна во почетокот треба да биде сосема пасирана. Подоцна со никнување на првите запчиња, пасирањето постепено се намалува и се заменува со поцврсти парчиња зеленчук, за бебето да започне да џвака.

Секоја храна, подготвена за бебето, треба да ја пробате вие.

Доколку во семејството постои склоност кон алергиски реакции, одложете го воведувањето на немлечна храна додека бебето не наполни шест месеци, доколку сеуште имате мајчино млеко во доволни количини.

 

loading...
Сподели