bracni nesoglasuvanja
Кога со својот партнер за нешто се карате, најверојатно не ви паѓа на памет за некакви правила до кои треба да се придржувате во таквите моменти. Но тие постојат и еве ги:

1.Строго држете се за целта. Значи, секогаш имајте ја на ум причината поради која се расправате. Не преминувајте на други теми (лани… мајка ти …)

2.Никогаш немојте да се навредувате, еден на друг да си се обраќате со навредливи имиња. Можете да викате, да одите во детали, но не навредувајте се.

3.Задржете го аспектот на привременост во изразувањето на своите чувства. Сите ваши силни изјави нека имаат временска димензија- овде и сега.„во овој момент, не ти верувам“. Не користите ги зборовите:„секогаш“ и „никогаш“. Не го казнувајте партнерот со лутење и молчење. Ако има проблем решете го.

4.Одредете знаци за тајм аут. Понекогаш со кавгата се претерува. Таа станува исцрпувачка, премногу ве ангажира, или едноставно се случува во лош момент.Во периодот пред и да почнале кавгите договорете се кој ќе биде знакот кој ќе го користите за кавгата да ја прекине. Делува необично, но е функционално. Ќе имате чувство како да висите во воздух, но ќе видите што „во вашето ѓубре се насобрало“ , а кои се вистинските прашања кои не се решени.Подоцна ќе се вратите да продолжите со расправијата и треба тоа да го направите, но ќе забележите дека сте го изгубиле жарот на борбата и острината во лутењето( она кога сте чувствувале дека на партнерот не можете да му попуштите и да му дозволите лесно да се извлече).

5. Направете нешто пријатно во полувремето од караницата.Кога ќе ја прекинете расправијата на начинот што се препорачува во точка 4, пронајдете некоја работа која ви се допаѓа кога сами ја работите-што било: одење во кино, на прошетка…Во почеток можеби ќе ви биде тешко затоа што не сте „расположени“ но целата работа е токму во тоа.

6. Лесно не прифаќајте компромиси, но бидете и флексибилни. Ако си дозволите лесно да дојдете до компромис, тоа секогаш има и бумеранг ефект- се чувствувате незадоволни и подготвени да возвратите. Сосема е можно, тие грди чувства да ги сочувате за да можете во некој друг момент да ги израмните резултатите.

7. Прифатете ја сегашноста и заборавете на минатото. Можеби ќе почувствувате потреба да ги искажете своите чувства во однос на минатото, но преминете на сегашноста.

8. Сетете се дека блискоста е цел на секоја расправија. Работата е во тоа да научите дека можете да имате емотивен интезитет, а притоа да не бидете деструктивни. Може да бидете лути, но сеуште да го контролирате своето однесување. Ако ви изгледа дека ја губите контролата, станете и упатете се во друга просторија. На крај ќе знаете дека вашата меѓусебна расправија е успешно завршена, штом двајцата ќе се почувствувате полесно и кога ќе согледате дека ситуацијата се разјаснила.

Терапија. Доколку и овие правила не ви помагаат, а постојано се расправте и вашите кавги не се конструктивни, се препорачува и за двајцата партнери да побараат стручна психолошка помош, пред се брачна психотерапија.

Извор: Психолошко советувалиште Тајна

Сподели