Правила на здрава исхрана

здрава храна

Не го прескокнувајте појадокот
Појадокот го активира вашиот метаболизам и ви дава енергија да го почнете денот. Колку и да брзате наутро, никогаш не го прескокнувајте појадокот.

Избегнувајте брза храна
Брзата храна во најголем број случаи не е здрава и порциите се преголеми. Може да се почастите еднаш неделно со брза храна, но другите оброци потрудете се да ви бидат здрави.

Јадете вистинска здрава храна
Исфрлете ја вкусната, но модифицирана храна полна со штетни емулгатори и вештачки конзерванси. Кога купавте во маркетите, внимавајте на состојките.

Слушајте го својот стомак
Јадете само додека чувстувате глад. Кога ќе бидете сити, завршете го оброкот.

Јадете повеќе овошје и зеленчук
Зеленчукот и овошјето нека бидат дел од вашиот појадок, ручек и вечера. Колку пошарено, толку поздраво.

Не ги прескокнувајте оброците
Со прескокнување на оброците само го успорувате вашиот метаболизам. Ако ги прескокнувате оброците, ќе го загубите чувството за ситост и ќе добиете нагон за хрна доцна навечер.

Пијте многу вода
Човекот подолго може да издржи без храна отколку без вода. Тоа е факт. Вода треба да пиете преку цел ден. Кога сте жедни, тоа значи дека вашиот организам дехидрирал и има потреба од течности.

Не пијте газирани сокови
Заборавете на газираните сокови и засладените бескалорични течности, нив заменете ги со обична вода.

Изедете коцка чоколадо
Може да изедете коцка чоколадо место ужинка и тоа пет часа меѓу оброците. Шеќерот ќе ви даде енергија и ќе ја намали потребата да изедете поголема колична од оброкот кој следи.

Направете исклучок
Не смеете да дозволите конзумирање нездрава храна да стане ваша животна навика. Но, одредете ден во неделата кога ќе се почастите себеси со нешто повеќе вкусно, а помалку здраво.

Advertisement