Повреди на локомоторен систем – Дијагноза и лекување

prof.d-rGligorDjolevНа оваа тема пишува Проф. Д-р Глигор Џолев специјалист по ортопедија, субспецијалист по хирургија на колена артроскопија и универзитетски професор од областа на ортопедијата.Високо образование и специјализацијата ги завршил во Р. Македонија, додека субспецијализација и други доусовршувања ги стекнал во запдноевропските земји. Автор е на над 150 публицирани научни трудови од областа на ортопедијата во земјата и странство. Проф. Д-р Глигор Џолев има над 35 годишно работно искуство во областа на ортопедијата како доктор и професор, а моментално е носител на дејноста специјалист по Ортопедија во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Проф. Д-р Глигор Џолев е дел од врвниот тим на Поликлиника Неуромедика. Неуромедика е прва приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 23 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти во своите 7 поликлиники.Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Поликлиничко – дијагностички центар во Битола, Поликлиничко – дијагностички центар во Тетово, Поликлиничко – дијагностички центар во Куманово, Поликлинички центар во Штип и Дијагностички центар во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области.Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Повредите на локомоторниот систем се многубројни, а произлегуваат од тоа што седумдесет проценти од масата на човековото тело припаѓа токму на тој локомоторен систем. Да речеме, ако ја апстрахираме главата како глава, ако ги издвоиме внатрешните органи, сето друго припаѓа на делот, локомоторен систем. Значи, тоа се мускулите, коските, зглобовите, лигаментите, сите оние таканаречени мекоткивни структури, кои припаѓаат на овој систем, кој што претставува седумдесет отсто од човековото тело. Тој, како таков секојдневно, од раѓањето, може да настанат одредени здравствени проблеми, кои што може да резултираат со повреди.

>Во зависност од тоа, кој сегмент е повреден, ќе бидат и самите оштетувања, без разлика дали се отворени или затворени рани. Тоа значи дека, при една повреда, да речеме на левото стапало, таа нема да се лекува само на тоа место, туку пореметувањето ќе се одрази на под коленицата, на коленицата, па и нагоре, со што таа повреда влијае на балансот и рамнотежата на целата нога. Мора веднаш да почне да се лекува, како здравствениот проблем не би се проширил.
Што значи дека, дијагнозата е основниот предуслов и тогаш се настапува со лекување на повредата.

Многу е важно, дијагнозата да биде точна и прецизна, за да на проблемот, може веднаш да се делува. Само точната дијагноза, може да резултира со правилно лекување на настанатиот проблем. Исто така, многу е важно навремено да се одреди дијагнозата. Факторот време е еден од најважните фактори при лекувањето. Меѓутоа, и самата дијагноза, доколку не е точна или нецелосна, или пак лабава и непрецизна, тогаш и лекувањето ќе ни биде отежнато и недефинирано. Ќе лутаме на сите страни, еднаш вака ќе пробаме, ќе видиме, но нема да оди, затоа што ја немаме точната дијагноза. Затоа јас инсистирам и според мене, број еден е да се постави точната дијагноза, па потоа да се направи соодветен план според можностите, или да се препорача пациентот да отиде таму, кај што тие можности се достапни и секако ќе дадат подобар резултат.
Повредите на локомоторниот систем  може да бидат мали и многу едноставни и затоа тука целата ситуација завршува со соодветно лекување, односно соодветен третман, ако немаме оштетување на кожата. Меѓутоа, како таква, во затворена повреда, тогаш во тој случај ќе делуваме со мобилизација, ако има потреба со давање на лекарства, кои ќе го смират тоа воспаление и болка, која се јавува како резултат на оштетувањето.
Обично, таквите повреди завршуваат со ладни облози, со лекови, со инекции , во зависност од тоа, ако не е зафатена голема површина на контузија, на излив, на крвоизлив. Но, во просек тие завршуваат од две до три недели. Таму каде што имаме поголеми оштетувања и каде што се зафатени коскените структури, коската под услов, скршеницата да биде во добра позиција, односно самата повреда таква била, без да направи некоја дислокација или, пак, ако имаме дислокација, а таа се намести без операција, со одредени начини во принципот на лекувањето. Тоа може да се спроведе со мирување и  рехабилитација. Битно е секоја повреда, да има свој пристап на лекување, преку точната дијагноза, точното лекување, како и времето како битен фактор, кој мора да се почитува, за  целиот тој процес на лекување да помине. Односно, ние создаваме услови за природата да си го направи своето, односно организамот, како дел од природата. Ние во суштина, сме само помагачи на природата, ние создаваме услови за да дојде до зараснување, за да дојде до поправање и да се вратат ткивата во претходната состојба.Ние треба да и помогнеме на природата, да створиме услови со соодветни лекови и да го испочитуваме времето. Треба навреме да почнеме со лекувањето и тоа да трае, тоа колку што е потребно. Да не се форсира во никој смисол. Како што не можете, крушата со фен да ја греете и одеднаш да добиете голема зрела круша, или некој друг плод.

Повредите на локомоторниот апарат се толку бројни и затоа овој мој приказ е толку глобален и се однесува на основните елементи, поврзани со повредите на локомоторниот апарат. Притоа, не треба да се заборави ни случајно, дека сето тоа е една целина, еден комплет. Кај повредите на локомоторниот апарат, многу е важно да се направи тријажа, а тоа е брзо констатирање за тежината на повредата. Значи, секој кој што ја владее оваа техника, тоа треба да му биде во прв план. Не случајно, кога има разни несреќи, војни, елементарни непогоди има огромен број на повредени, а вие притоа, треба да направите една брза и на база на претходно искуство, една тријажа на сите. Прво ќе се посветите на пациентите кои се итни, односно кои имаат груба повреда. Во таква ситуација, исто така, многу е важна процената, во услови, кога во моментот во вас, немате магнет, немате томографија и немате ехо. Друго е, кога пациентите ќе ви дојдат во медицинска установа и вие ќе можете детално да ги испитате, но треба да бидете спремени и во најлоши услови, да помогнете и да спасите живот.

Проф. Д-р Глигор Џолев извршува ортопедски прегледи, со најсовремена медицинска апаратура (магнетна резонанца и компјутерска томографија) поставува дијагоза и третман на ортопедски проблеми. Закажете преглед на телефонскиот број:02/3 133-313; 02/2 042-323 www.neuromedica.com.mk

Проф. Д-р Глигор Џолев

Специјалист по ортопедија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

“http://www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica”

Advertisement