Поучна приказна: Потсвеста го прифаќа понудениот план

gradime kuka

Кога градите куќа секогаш сте заинтересирани, работниците да се држат строго до архитектонскиот план. Обраќате внимание на матерјалот и го избирате најдоброто дрво, најдобриот челик, најдобрата тула.

Што се случува со вашиот душевен дом и со вашиот душевен план за среќа и изобилство? Сите ваши искуства, сите ваши доживувања, се што на кој било начин влегува во вашиот живот, зависи од природата на душевните тули што ги користите за изградба на својот душевен дом.

Доколку вашиот план е полн со душевни обрасци на страв, грижа и тегоби и доколку сте склони кон сомневањата, цинизмот и критизерството, структурата на душевниот матерјал што го внесувате во својот ум ќе дојде до израз како нови грижи, напнатост и спречување од сите видови.

Изградбата на сопствена духовност е клучна и најдалекусежна човечка дејност. Секој од нас во секој момент го гради својот душевен дом при што мислите и менталните слики, преставуваат план според кој тој се зида.

Од час на час, мислите што ги мислите, идеите што ги создавате, верувањата што ги прифаќате и сцените што ги замислувате во скриеното студио на својот ум, го градат вашето здравје, успех и среќа, но и сето она што се наоѓа наспроти тоа. Зданието за кое зборуваме е човековата личност, неговиот идентитет, целиот и единствен негов живот на земјата.

Извадок од книгата: „Моќта на потсвеста“

Advertisement