Поучна приказна: Омраза кон гледачите!

nervozen tipЕден актер ми се пожали дека гледачите го исмеале и исфиркале уште при првото појавување на сцената. Додаде и дека пиесата била лоша и дека неговата улога не била најдобра.

Отворено ми призна дека потоа со месеци ги мразел гледачите во салата. Ги нарекувал будали, глупаци, незнајковци, празноглави итн. Го напуштил театарот и една година работел како продавач.

Еднаш некој пријател го викнал да го слушаат моето предавање на тема „Како да излезете на крај со самите себеси “.

Предавањето му го измени животот. Се врати во театарот и почна искрено да се моли за себе си и гледачите. Секоја вечер, пред да излезе на сцената, се отвараше за љубовта и добрата волја, трудејќи се да ги шири секаде околу себе.

Стекна навика да си замислува дека сите присутни ги исполнува, ги вдахнува и ги просветлува бескрајна интелигенција. Во текот на секоја престава им упатуваше на гледачите вибрации на љубов. Денес е голем артист што ги сака и ги почитува луѓето околу себе и зрачи добра волја и почит.

Извадок од книгата „ Моќта на потсвеста“

Advertisement