Поучна приказна: Бракот е зло, половите односи се нечесни

nazadna majka

Неодамна имав можност да разговарам со една дваесет и двегодишна девојка, што била воспитувана да смета дека секое излегување со маж, секој танц или игра со карти, или капење во базен преставува грев.

Мајка и непрекинато и се заканувала дека ќе заврши во вечниот пеколен оган, ако не ги почитува нејзината волја и нејзиното верско учење. Девојката носеше црн фустан и црни дебели чорапи. Не се шминкаше, зошто мајка и ги сметала таквите работи за грешни.

Освен тоа, и велела дека сите мажи се зли, дека половите односи се гнасни и лоши, вистински сатански разврат.
Девојката морала да научи да си проштева сама, зошто ја измачувало тешко гризање на совеста. Требало да се откаже од сите лажни верувања и да ги замени со животните вистини и со позитивното мислење за себе.

Кога излегувала со момчиња од претпријатието во кое работеше, ја мачело грижа на совеста и ја прогонувала мислата дека Бог ќе ја казни. Добила дури и неколку понуди за брак, но, како што ми рече, за неа бракот е зло, а истото важи и за половите односи.Таква беше состојбата на нејзината свест – крајно условена од воспитувањето добиено во домот на мајка и.

Кај мене доаѓаше близу три месеци, еднаш неделно, и се обидов да ја запознам со начинот на дејствување на свесниот и несвесниот дел од умот, онака како што е изложено во книгава. Постепено сфати дека била подложена на миење на мозокот, хипнотизирана и условувана од страна на мајка и која била неупатена, празноверна, фрустрирана жена. Потоа ги прекина сите врски со семејството и започна независен, убав живот.

На мој предлог, го смени начинот на облекувањето и си ја дотера косата. Почна да посетува училиште за танц и да учи да вози кола. Научи да плива, да игра карти и почна често да излегува со момчиња. Почна да го сака животот. Бараше од бескрајната интелигенција да и го пронајде мажот со кој би создала комплетен заеднички живот. На крајот се случи и тоа. Една вечер, на излегување од мојата канцеларија се сретна со еден маж кој исто така го чекаше договорениот состанок со мене. Ги запознав површно и денес се во среќен брак во кој совршено се согласуваат и се дополнуваат.

Извадок од книгата „ Моќта на потсвеста“

Scroll To Top