Отворот за уринирање не му бил на врвот, туку на дното од пенисот, а самиот пенис му е долг само 2.5 сантиметри. Со ова пореметување се раѓа еден маж во 125….

Стив Бејкер (62) целиот живот верувал дека тој е единствениот на светот со деформација на пенисот која му го уништила животот. Неговиот доктор, поранешната девојка, браќата и сестрите, па дури и мајка му, се срамеле да разговараат отворено со него за тој проблем.

Стив е роден со хипоспадија, состојба во која отворот за уринирање е на дното, наместо на врвот од пенисот, а препуциумот (кожата која го прекрива пенисот) се наоѓа само на горниот дел од половиот орган и тој изгледа како печурка, а самиот пенис е екстремно мал.

Пред три години, Стив одлучил малку повеќе да истражува за неговата состојба, па се изненадил кога открил дека не е единствениот. Напротив, таквата деформација била многу честа кај мажите, а погодувала еден од 125 мажи во светот. Конечно пронашол и група на интернет на која можел отворено да разговара за својот проблем, да праша што го интересира и да добие конкретни одговори.

Причината за тоа пореметување не е позната, а експертите се сомневаат дека тоа би можело да се случува поради загадената животна средина или изложеност на женски хормони. Зависно од тоа колку е екстремен случајот, деформацијата може да влијае на нормалното уринирање, сексуалниот живот и непријатност при соблекување во јавност (училишни соблекувални, на доктор итн.). Мажите со најтешките облици често мораат да одат на операција, или на повеќе операции, патат од неможност за ејакулација, присилени се да живеат како жени…

„Таа состојба мажот може да го одвлече во длабока тага, депресија бидејќи нема со кого искрено да поразговара за тоа, бидејќи иако не е ретка појава, оваа состојба е табу тема во општеството. Сознанието дека не сум единствениот ми донесе големо олеснување. Мојот пенис е долг нешто повеќе од 2.5 сантиметри и за среќа сум одгледуван како момче“, раскажал Стив и додал дека тој пораснал во мало место во Велика Британија и отсекогаш знаел дека е различен од останатите момчиња, дека неговиот пенис е мал и дека не е нормално да уринира низ дупче од дното, а не од врвот на пенисот, но немал со кого да поразговара за тоа и тоа го уништувало, пишува Daily Mail.

„Некој требаше да ми каже што точно не е во ред со мене и животот сигурно ќе ми беше поинаков. Ако моите родители знаеле, никогаш не ми кажаа, ниту докторите кои сигурно морале да ме прегледаат како бебе. Сето тоа е тажно. Сигурно на сите им било премногу непријатно да разговараат за тоа. Мојот брат е две години постар од мене, а сестра ми е една година помлада, но и тие молчеа. Дури никогаш не ме ни задеваа како што е тоа нормално кај другите браќа и сестри“, продолжува Стив да раскажува.

Тој признава дека целата ситуација, и тоа што неговиот проблем бил забранета тема, оставило длабока трага во него и го формирало како човек кој всушност не сака да биде – несигурен и несреќен. Особено, како што вели, во ова општество каде што големината на пенисот е мерило на машкоста и квалитетот на човекот, што е лудо. И неговиот сексуален живот страда. Неговиот пенис никогаш не бил во ерекција подолг од 10 сантиметри, а неговиот обем е далеку помал отколку кај просечните мажи.

Кога имал 29 години, тој раскажува дека се оженил со најдобрата пријателка од неговата сестра. Таа била шест години помлада од него, сексуално неискусна и не знаела ништо за неговиот проблем. Нивниот брак пропаднал во 2001 година, но од него им се родиле два сина. Стив денес живее сам, во пензија е и живее во близина на неговите синови и стравува да не му се роди внук кој би ја проживеал истата агонија како него, пишува Daily Mail.

Сподели