Рецепт за зајакнување на имунитетот

Имунолошкиот систем е значаен фактор за постигнување и задржување на добро здравје. Ако тој е силен, тогаш сите процеси во организмот течат нормално.

Еве еден рецепт за тоа како да го зајакнете имунитетот:

РЕЦЕПТ

Потребно е:

  • 100 гр суво грозје
  • 150 гр ореви
  • 100 гр бадеми
  • Кора од 2 лимони
  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр суви сливи
  • 300 гр мед

Во машина за мелење месо се мели сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Во смесата додадете сок од два лимони, чија кора претходно сте ја употребиле. Измешајте.

Понатаму, додадете ги сувите сливи и сувите кајсии. Измешајте. На крај се додава медот и повторно се меша. Оставете да отстои на темно место 1-2 дена.

За деца постари од 3 години – 1 лажица 2 пати дневно

За возрасни: 1-2 лажици 3 пати дневно.

Advertisement