Во текот на зимските месеци можеме да си дозволиме да ја запоставите бикини зоната, затоа е потребно токму во овие денови да и посветите најголемо внимание на кожата. Едно од најздодевните нешта во овој период се поткожните влакна. Колку почесто се бричите, толку е поголема е шансата да се појават. Затоа, најдобро е што побргу да почнете со подготовките и на време да ја спречите појавата на овие мали непријатни влакненца.

Што ги предизвикува поткожните влакна?

Поткожните влакна се појавуваат кога влакната растат настрана и се свиткуваат назад во кожата. Иако се безопасни, може да се случи местото да се подуе и да се вцрви или да се инфицира. Тоа значи дека воопшто нема да биде пријатно за гледање. Исто така може да чувствувате болка на местото.

Кога се бричите, врвовите на влакната стануваат остри и не можат правилно да излезат од кожата. Но, поткожните влакна не се појавуваат само заради бричењето. И другите начини на отсранување на влакната, можат да предизвикаат ваков проблем. Поткожните влакна често се појавуваат на пазувите, нозете и бикини зоната кај жените, а кај мажите на лицето и вратот. Колку се поостри, подебели и посвиткани, толку е поголема шансата да се појават поткожни влакна.

Како да се справите со нив?

Со триење: Еден од најефикасните начини за отстранување на внатрешни влакна, и спречување повторно да се појават, е ексфолијацијата. Можете да користите сапун или ракавица за ексфолијација. Овој метод на триење го отстранува горниот тенок слој клетки од површината на кожата, каде што влакната се заглавуваат и растат кон внатре.

Со тонирање: Тоникот е еден од оние занемарени производи кои можеби ги имате во бањата. Веројатно сте ги користеле против акни во средно училиште, но дали знаевте дека исто така можат да ги смират и да ги отстранат внатрешните влакна? Еднаш дневно, поминете ја бикини зоната со памук натопен во тоник кој содржи салицилна киселина. Но не го правете тоа ден-два по депилирање бидејќи кожата тогаш е многу чувствителна.

Отстранете ги влакната: Нежно! Можете да користите топли облоги за да ги омекнете поткожните влакна. Пробајте го овој метод за нежно и лесно да ги отстраните од вашата кожа:

  • Натопете чисто крпче во топла вода.
  • Притиснете го на местото каде што имате поткожни влакна и држете 3 минути за влакната да омекнат. На овој начин ќе ги донесете влакната на површината на кожата.
  • Со стерилизирана пинцета или игла, нежно извадете го внатрешниот врв на секое влакно. Не кубете ги целосно, само доволно за да излезе врвот.Ако ви е тешко да го направите тоа, не употребувајте сила. Наместо тоа, повторно натопете го крпчето во топла вода и повторете го процесот.
  • Измијте го местото со топла вода и навлажнувачки сапун.

Иако справувањето со поткожните влакна може да биде многу фрустрирачко, најверојатно тие не се доволно сериозни за да се обратите на дерматолог. Но доколку местото каде што имате поткожно влакно почне да ве боли и изгледа инфицирано, особено ако сами сте извадиле внатрешни влакна или сте си направиле рана, веднаш побарајте стручна помош.

Дали може да се спречат?

Ако сте размислувале засекогаш да се откажете од отстранување на влакната за да не ви се појавуваат веќе страшните поткожни влакна, не сте единствени. За среќа, има начини за да се намалат шансите за нивно појавување и да ја одржите кожата мазна. Следен пат кога ќе се бричите, обидете се со овој метод:

  • Користете мокро крпче за да ја измиете со благ сапун и топла вода областа која ќе ја бричите неколку минути однапред.
  • Правете кружни движења со крпчето за да се отстранат острите врвови од влакната.
  • Нанесете крем за бричење и направете пена.
  • Бричете се во насоката на која ви растат влакната и не притискајте го бричот со преголем притисок.

Ако внатрешните влакна и понатаму се проблематични, се препорачува да го промените начинот на отстранување или да не ја бричите областа одреден подолг период.

loading...
Сподели