Да се јаде посно не претставува тежок и невозможен предизвик, особено последниве години кога има толку многу достапни посни производи и лесни рецепти. Затоа во пресрет на Велигденските пости Ви предлагаме еден рецепт за посна проја.

Потребни состојки:

  • 2 чаши бело брашно
  • 3 чаши пченкарно брашно
  • 1 чаша зејтин
  • 2,5 чаши кисела вода
  • 1,5 прашак за печиво
  • 1 лажиче сол
  • 300 грама сечкан зеленчук (спанаќ, блитва, праз или штавел)
    Во тестото може да додадете и сечкани маслинки и некои семиња (семки од тиква, сончоглед, лен, сусам, ким или некое друго семе кое го користите).

Сите состојки се мешаат заедно. Се замесува целата смеса и се добива течно тесто, кое се истура во подмачкано тавче. Дното на тавчето можете да го посипете со сусам, кој можете да го ставите и одозгора на тестото.

Се пече 40 мин. на температура од 180 до 200 степени.

За подобар изглед и сервирање, ова тесто може да се испече и во тава со фигури (модли) кои даваат интересна форма и изглед на парчињата проја при сервирање.

Сподели