Најважните минерали за зајакнување на имунитетот се цинк и селен, а ние ви носиме рецепт за супа што го зајакнува имунитетот:

Состојки:

  • 1/2 чаша кокосово масло
  • 6 чешниња лук
  • 1 лажица исецкан ѓумбир
  • 1 исецкан кромид
  • 1/2 шолји исецкани бадеми
  • 2 лажици куркума во прав
  • 2 лажици кари во прав
  • 2 црвени пиперки
  • 1 кг. сладок компир
  • 2 ловорови листови
  • 6 чаши супа од зеленчук
  • сол и црн бибер

Подготовка:

Во тенџере истурете го кокосовото масло, лукот, ѓумбирот, кромидот, бадемите, куркумата и карито. Сето тоа добро измешајте го, па варете на тивок оган додека состојките не омекнат (околу 5 минути).

Додадете ја пиперката, слаткиот компир, ловоровите листови, а потоа истурете ја супата од зеленчук за да покриете сè. Оставете да се вари, намалете ја температурата и поклопете.

Варете на тивок оган околу 30 минути додека не омекне слаткиот компир. Извадете го ловоровиот лист од чорбата, а остатокот измешајте го во блендер додека не добиете убава кремаста смеса.

Вратете го ловоровиот лист назад и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер.