Придобивките од кафето очигледно воопшто не се малку. Експертите продолжуваат да зборуваат за придобивките од користењето на црниот пијалок.

Според научниците од Бразил, луѓето кои пијат три чаши кафе на ден не само што се забавуваат, но и опасноста кај нив од запушување на артериите е помала, пишува УПИ.

Експертите дошле до овој заклучок откако во студијата учествувале повеќе од 4,400 жители во Сао Паоло кои студирале колку кафе пијат. Тие биле испитувани за калциум во коронарните артерии, што може да предизвика срцев удар.

Кафето не им помага на пушачите!

“Во истражувањето откривме дека редовната консумација на повеќе од три чаши кафе дневно го намалува ризикот од калцификација на коронарните садови на луѓето кои никогаш не пушеле”, објаснува авторот на студијата Андреја Миранда. Според Миранда, кафето не им помага на пушачите.

Во претходното нејзино истражување е утврдено дека топлата пијалок исто регулира други ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања, како крвниот притисок и нивото на хомоцистеин – аминокиселина поврзана со потрошувачката на црвено месо.

 

loading...
Сподели