Овие болести се распоространети по целиот свет подеднакво и кај двата пола. Името го добиле по начинот на пренесување кој најчесто е со полов однос. Првите знаци на ова заболување се јавуваат на половите органи.

Ако навреме не се открие и не се лекува, заболувањето може да се прошири и да зафати повеќе системи и органи. Најпознати се три венерични болести: трипер, сифилис и сида.

Ние денес ќе ви пишуваме за триперот.

На триперот предизвикувач е бактерија. Резервоар е болен човек, а извор на заразата е исцедокот од половите и мочните органи. Пренесувањето настанува со директен контакт преку полов однос или индиректно преку загадени предмети (крпи, облека, постелина ).

Првите знаци на болеста се : гнојно воспаление придружено со излачување на гноен секрет, печење, болки и често мокрење. Ако заболувањето во овој период не се лекува, настанува понатамошно ширење на заразата што ги зафаќа внатрешните полови органи,а како резултат на ова се јавуваат последици во потомството и кај мажот и кај жената. Триперот може да се појави и кај очите на новороденчето доколку мајката боледува од оваа болест при неговото раѓање.

За да се спречи оваа болест , треба болниот навреме да се јави на лекар и да се преземат соодветни мерки за понатамошно лекување. Болниот може да биде излекуван со пеницилин. За време на лекувањето е забрането да се има полов однос, а се врши и дезинфекција на постелината и облеката на болниот со вриење и пеглање. Инкубацијата трае од 5 – 8 дена.

loading...
Сподели