Лицата кои секогаш се под стрес и кои постојано брзаат на работа, по правило немаат време за појадок. Овие лица обично лошо спијат, а наместо појадок, пијат само кафе. Ако веќе морате да испиете кафе, пијте кафе без кофеин. За да ги нахраните нервите, неопходни ви се витамините од групата Б.

Особено значаен за здрави нерви, за подобра концентрација и за намалување на стресот е витаминот Б6. Витаминот Б6 го „контролира“ многу важниот процес во организмот, а тоа е изградбата на аминокиселините, а со тоа ја контролира и изградбата на сите протеински структури (клетките и ткивата) на организмот. Значи сè е под негова контрола.

Тоа значи дека под негова контрола се и хормоните, т.е. другите важни „диригенти“ во функционирањето на телото. Не треба да се заборави дека и крвта е течно ткиво, односно протеинска структура за која е, исто така, потребен витаминот Б6.

Без витамин Б6 нема протеини, без протеини нема хормони, а без хормони сите функции во организмот се доведени во прашање. Да ги спомнеме само серотонинот, допаминот и мелатонинот, кои заедно го регулираат биолошкиот часовник, спиењето, когнитивната функција, чувствата и однесувањето.

Витаминот Б6 учествува во изградбата на неколку невротрансмитери (материи кои овозможуваат пренос на нервните импулси). Недостатокот на витаминот Б6 доведува до невролошки и психолошки пореметувања. Затоа секогаш гледајте вашиот појадок да биде богат со витамини од групата Б. На пр: банана, суво грозје, овесни снегулки, јогурт, сусам, цимет.

Сподели