Појадок за мрзеливи црева: Успешно го забрзува метаболизмот, детоксицира и штити од разни заболувања

Започнете го денот со овој коктел. Пијте го наместо појадок или неколку часа пред појадокот. Се советува и последниот оброк исто така да ви биде оваа напивка.

Состојки:

  • 6 сливи
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажиче какао
  • 300 мл кефир/јогурт

Прелејте ги сувите сливи со 100 мл вода. Кога ќе зоврие водата, оставете ги да отстојат 10 минути. За тоа време, сипете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото. Додајте 300 мл јогурт или кефир.

Ситно исечкајте ги сливите и додајте ги во смесата, а потоа ставете го коктелот во фрижидер да отстои преку ноќ. Консумирајте го наутро на празен стомак. По избор може да додадете и цимет. Оваа напивка го забрзува метаболизмот, а има и поволно влијание врз кожата, косата и ноктите.

Сливите, поради тоа што содржат пектини кои набабруваат во цревата, ја омекнуваат столицата што е многу важно при лекувањето хемороиди или цревни заболувања. Со регулирање на варењето превентивно се дејствува против појавата на рак на дебело црево, а пектинот го снижува и холестеролот во крвта.

Сливите со помало количество на шеќер се подобри за лекување разни проблеми, па најмногу се препорачуваат киселкастите сорти. Сувата слива исто така е одличен лек ако се зема на празен желудник или еден час пред јадење. Сливите помагаат за заболувања и детоксикација на црниот дроб, крвта и целиот организам.

Со оглед на тоа што го поттикнуваат излачувањето на мокрачата, корисни се и во лекувањето ревматизам, атеросклероза и анемија.

Advertisement