Ако за многумина ѓумбирот е само повремен додаток во необичните јадења, оваа коренеста билка всушност е многу повеќе од тоа.

Лековитата зачинска билка, ѓумбирот, лечи грчеви, ги опушта воспалените мускули, ја негува оштетената кожа и го намалува нивото на лошиот холестерол.

Резултатите од истражувањето објевено во британскиот магазин „Nutrition“ покажале дека екстрактот од ѓумбир може да ги убие клетките од рак на простата.

Учесниците за потребите на истражувањето добивале дневна доза од 100 милиграми екстракт од ѓумбир на килограм телесна тежина, односно околу 550 милиграми екстракт дневно.Добрата вест е тоа што за време од осум недели екстрактот од ѓумбир за двојно го намалил растот на тумор. Истражувачите процениле дека истите резултати можат да се добијат и со секојдневно консумирање 100 грама свеж ѓумбир.

Како влијае ѓумбирот врз машкото здравје?

Ја зголемува плодноста
Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на чај од ѓумбир може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да помогне при еректилна дисфункција.

Помага при болни мускули
Етеричното масло од ѓумбир го загрева телото, ја подобрува циркулацијата и протокот на крв. Затоа е одличен лек за болни и уморни мускули. Како најдобро да го искористите? Четири лажички свежо рендан ѓумбир замотајте во памучна кеcа и ставете ja во кадата кога ќе се капете. Додека уживате во релаксирачкиот третман, ѓумбирот ќе делува на болните и воспалени места.

Ја подмладува кожата
Ѓумбирот е одлична намирница за осветлување на кожата. Измешајте 100 грама крупна сол, 1 лажичка сок од лимета и една лажичка исецкан ѓумбир. Смесата загрејте ја во микробранова, но внимавајте да не биде премогу топла. Пилингот нанесете го на телото со масажни движења. Ѓумбирот во оваа комбинација на телото му дава здрав сјај, а витаминот „Ц“ од лиметата ја омекнува и негува кожата.

Помага при патување
Ако ви се лоши кога патувате, ѓумбирот е најдобра намирница која ќе ви помогне. Едно истражување утврдило дека ѓумбирот делува многу подобро на организмот, отолку лековите против мачнина.

Останати придобивки:

  • Ги подобрува процесите на варење,
  • Прави реставрација на либидото, ја зголемува сексуалната способност кај мажите,
  • Го подобрува протокот на крв во карлицата, ја обновува ерекцијата,
  • Го зголемува нивото на тестостерон,
  • Помага со симптомите на мамурлак,
  • Ја подобрува меморијата.
Сподели