ПОДОБРО Е ОД ТРЕНИНГ : Еве што му прави релаксирањето во топла бања на вашето тело!

Попладневна топла бања, двапати неделно, го подобрува расположението и го има истиот ефект како и физичката активност, заклучија експерти од Универзитетот во Фрајбург, Германија.

После два месеци, научниците дошле до заклучок дека луѓето кои редовно се капеле во врела вода, биле во подобро расположение отколку што вежбале.

Експертите веруваат дека тоа има врска со биолошкиот дневен ритам што влијае на функцијата на организмот со регулирање на телесната температура и што инаку е нарушено кај луѓето кои страдаат од депресија.

Утринската изложеност на светла светлина исто така ја ублажува депресијата.

Попладневна бања двапати неделно може умерено, но трајно да го подобри расположението, но не и да ја излечи депресија.

Advertisement