Современото доба, динамиката, преголемите барања и стресот како генератор на психо-физички пореметувања доведуваат со чести проблеми во остварување на родителството. Многу парови се соочуваат со овој проблем.

За да се зачува плодноста кај мажите и жените пред се потребно е нивниот репордуктивен систем да биде во одлична функција. Медицинските истражувања покажуваат дека секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои имаат проблем со зачнување.

Паровите кои по некое време не успеваат да добијат потомство, често стануваат фрустрирани и депресивни.

Сресот на нашето секојдневние во комбинација со лошата и нередовна исхрана претставуваат главните причинители на низа на пореметувања кои се случуваат во нашето тело. Хормоналниот баланс и кај мажите и кај жените може да биде нарушен и придружен со психички проблеми кои на тоа се надоврзуваат и како последица на тоа се почесто да се појавува неплодност.

На природен начин може да се решат проблемите со зачнувањето.

Ние ви ја препорачуваме MAКA- билка од височините на Андите која со векови се користи во овој регион како народски лек за зголемување на плодноста. Моќта на оваа билка позната е уште од времето на древните Инки, а нејзиниот специфичен состав му овозможува на човековото тело да воспостави рамнотежна состојба на нарупениот хормонален баланс.

Правот од мака кој е достапен и кај нас во Македонија покрај другите бенефити кои ги има делува врз правилното функционирање на половите хормони.

Покрај важните аминокиселини, витамини и минерали MAКA содржи и алкалоиди (макаиди и макаени). Овие соединениа се наоѓаат само во МАКА па затоа и го добиле својот назив и директно влијаат врз правилното функционирање на целокупниот хормонален систем.

Неплодноста кај жените е последица на дисбалансот на половите хормони и вистински пример за тоа е намалената продукција на естрогенот и прогестеронот кои се главни поттикнувачи на зачнувањето. Често неможноста за зачнување е директна последица на стресот, начинот на живот како и последица на појавата на полицистични јајници , но последните испитувања покажуваат дека скоро секоја втора жена има проблеми со смалена продукција на хормони.

Правот Мака со своето ефикасно дејство преку хопофизата и хипоталмусот влијае врз урамнотежување и правилна продукција – лачење на естроген и прогестерон со што се доведува до воспоставување на баланс во организмот. Жената овулира и се создаваат соодветни услови за зачеток.

MAКA се покажала како најдобар природен производ за зголемување на плодноста.

Многу е важно да знаете дека овој производ е растение со исклучителна енергетско, адаптогено и антидепресивно дејство брз човековиот организам, а нејзината улога како регулатор на хормоните кај мажите е доста голема.

МАКА – Билка која ги регулира хормоните

Преку воспоставување на хормонална рамнотежа организмот добива виталност, енергија и полесно се адаптира.

Кај мажите МАКА делува така што првично ја зголемува енергијата, ја подобрува периферната циркулација и го подбрува расположението. Кај сперматогенезата полн ефект се достигнува по 2-3 месеци и тогаш се очекува зголемување на бројот и подвижноста на сперматозоидите 150-200% како и количината на ејакулат.

Како и кај жените , МАКА по пат на невролошка врска ја подобрува работата на хипофизата и хипоталмусот кој доведува до поголема продукција естроген и прогестерон, со воспоставување на хормонална рамнотежа.