Заборавањето го третираме како нормален дел од процесот на стареење, но постојат едноставни начини како да го зајакнеме мозокот и да ја поправиме меморијата.

Ви претставуваме неколку намирници кои ги подобруваат когнитивните способности.

СОК ОД КАЛИНКА

Ова егзотично овошје е богато со посебни антиоксиданси кои ги подобруваат вашите когнитивни способности и меморија. Пиење од овој сок секојдневно ќе ви помогне повеќе одшто може да очекувате.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Кинезите долго веруваат дека зелениот чај е напиток кој е многу добар за мозокот, однсоно за меморијата. Истражувањата покажале дека зелениот чај ја штити сивата маса на мозокот и поттикнува раст на мозочните клетки, со што се подобрува помнењето и учењето.

Чајот е пијалок кој ќе ја подобри активноста на вашиот мозок, што е јасно од зелениот чај, кој го подобрува растот на мозочните клетки и моморативната способност.

Чајот исто така е богат со антиоксиданси, исто така пиењето на една чаша црн чај дневно може да покаже навистина завидни резултати.

КАКАО

Флавонолите од какаоѕо се ефикасни во релаксирањето на крвните садови, кои за возврат го намалуваат крвниот притисок, а пиењето шолја топло какао го намалува ризикот од мозочен удар.

ШЕЈКОВИ СО БОБИНКИ

Капините и боровницата ја подобрува активноста на невроните и спречува оштетување на мозокот, а исто така позитивно влијае на меморативната способност.

ЧАЈ ОД КУРКУМА СО ЦИМЕТ

Можеби ви изгледа чудна и непозната комбинација, но овој пијалок спречува деменција, а се верува дека ако додадете малку маслиново масло може да спречите и настанување на Алцхајмерова болест.

РИБА

Омега 3 масните киселини се есенцијални за оптимална работа на мозокот. Овие здрави маснотии помагаат пораките полесно да се движат меѓу клетките на мозкот. Затоа редовно консумирајте риба, идеално би било тоа да го правите 3 пати во неделата.

ОРЕВИ

Со грицкање на оревите исто така можете да ја подобрите меморијата. Оревите се одличен извор на алфа-линоленска киселина, вид омега 3 киселина, која телото ја користи во произвоство на DHA, масна киселина која е примарна градбена компонента на човековиот мозок. Оревите исто така содржат антиоксиданс наречен елагична киселина, компонента која го штити мозокот од слободните радикали.

РУЗМАРИН

Маслото од оваа билка често се користи за подобрување на меморијата. Рузмарионот е познат како лек за немир и анксиозност. Истражувањата покажале дека оние кои се исложени на мирисот на рузмарин побрзо и поточно одговараат на поставените задачи.

БОБИНКИ

Ова овошје е полно со магични нутритиенти кои го штитат мозокот, а што е најдобро, не треба да ги консумирате во којзнае колку големи количини – само половина шоља боровинки или јагоди неделано е доволно за освежување на мозокот.