Коренот од ѓумбир е богат со важни витамини и минерали, а содржи и специјални фитонутриенти, гингероли кои имаат силни антиинфламаторни својства и ја потикнуваат работата на крвотокот и варењето на храната.

Покрај големата количина на витамин Ц, содржи магнезиум, калциум, железо, фосфор, калиум и натриум. Од друга страна, куркумата дури има и антиканцерогена активност.

Постојат многу причини да го направите овој пијалок.

Состојки:

  • свеж ѓумбир (околу 4 см)
  • свежа куркума (околу 4 см)
  • 1 лимон
  • 1 голем прстофат бибер (за куркумата да има ефект)
  • свеж сок од портокал по желба

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот со помош на лажица, но можете и со нож. Потоа излупете ја куркумата. Но, ставете ракавици затоа што овој жолт корен може да ви ги обои прстите. Изрендајте ја куркумата и ѓумбирот.

Исцедете сок од лимон, и додадете ја куркумата и ѓумбирот.

Во здравиот пијалок додадете уште прстофат бибер. Ако пијалокот ви е премногу кисел, можете да додадете малку сок од портокал или мед.