00031492Според последните истражувачки податоци, од 3 од 10 деца страдаат од прекумерна тежина , што предизвикува силна опасност од кардиоваскуларни заболувања во напредната возраст.

Д- р Сара Брурер, која се занимава со овој проблем препорачува на адолесцентите да се дава детска исхрана, која вклучува јадење на бисквити, овошје и зеленчук . Според диетата, децата можат да јадат 9 бисквити , распределени во рамките на целиот ден. Кон бисквитите треба да се додадат и уште 500-700 калории, во форма на овошје и зеленчук .

“Детската дебелина достигнува вознемирувачки димензии и очигледно досегашните мерки на медицината не даваат резултат, време е за нов  порешителен метод”, вели оваа докторка. Препорачаните бисквити за диетата, треба содржат здрава комбинација од млеко, жолчки, овес, ориз и други зрна.

Така тие ќе обезбедат на организмот здравствени масни киселини, кои се од суштинско значење при развојот на младиот организам. Според Брурер, старите методи за слабеење, при што родителите ги лишуваат деца од сето слатко и ги тераат да вежбаат секој ден,  им ја збунуваат психата на адолесцентите и им даваат погрешна идеја за правилен режим на исхрана.

loading...
Сподели