Одлични, вкусни, погодни за појадок, вечера или со било кое друго јадење.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 г брашно
  • 200 мл млака вода
  • 20 г свеж квасец ( ½ коцка)
  • ½ лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол (5 г)
  • Масло за пржење

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад просејте го брашното, направете вдлабнување во кое ќе го ставите квасецот кој претходно сте го разматиле во 50 мл млака вода со малку шеќер. Оставете го да се активира и да се запени.

Додадете сол и преостанатата млака вода, па замесете мазно тесто. Прекријте го садот со тестото со проѕирна фолија и оставете го на топло место за да стасува и да се удвои. Доволно е под садот со тестото да ставите друг сад со топла вода.

На набрашнета работна површина, развлечете го тестото со дебелина од околу 8-10 см, исечете ја на квадратчиња со величина 8х10 см или помали и оставете ги покриени со кујнска крпа околу 10 минути.

Во средно голема тава загрејте масло, па пржете ги пишиите прво со страната која била свртена кон горе, а штом заруменат, свртете ги и од другата страна. На овој начин стануваат како воздушни перничиња.

Вадете ги со решеткаста лажица и редете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.