osvezitelen-sok-od-kapinaКапината е деликатесно овошје со голема хранлива, диететска, профилактична, лековита и заштита вредност. Плодовите се богати со шеќери, органски киселини, витамини, обоени материи, пектини и минерални состојки.

Плодовите можат да се користат за потрошувачка во свежа состојба, за домашна и индустриска преработка, а како замрзната може да се користи во текот на целата година. Капината со своите биолошки и производни карактеристики е доста рентабилна јагодеста овошна култура.

kap-zdr-bil-03Во зависност од сортата, грмушката од капините може да се класифицира како исправена, полуисправена или ползечка. Исправениот вид грмушка има трња и се раширува преку ’ркулци од корењата  по грмушките, додека на ползечкиот вид грмушка му е потребен шпалир за да може да расте и испушта свежи ластари. Во текот на втората сезона на ластарите се појавуваат бели или розови цветови.

Капината е моќен антиоксиданс, го намалува формирањето на лош холестерол, го зголемува  имунитетот, помага да се зачува колагенот и нежно ги чисти цревата.  Придонесува за правилното функционирање на клетките на црниот дроб и ги штити, а во исто време ја  чисти и жолчката.  Капината е богата со витамини и други минерали и има висока хранлива вредност . Таа е докажан лек за борба против анемија.

Сокот направен од зрела капина е од голема корист за вашето тело. Го подобрува имунитетот, ја подобрува циркулацијата, корисен е кај анемични луѓе, стари и изнемоштени, ја подобрува концентрацијата и има превентивна улога во борбата против туморозни промени во организамот, бидејќи состојките кои се наоѓаат во капината ги штитат клетките и ги подобруваат нивните биолошки функции.

 

Сподели