Скоро и да нема диета во која не е наведено дека треба да се пие многу вода или евентуално растителни чаеви. Водата како и овошјето и зеленчукот што содржат голема количина на вода, се многу полезни за здравјето, се препорачуваат за слабеење и одржување на линијата и дури и даваат енергија и го отстрануваат уморот.

Водата помага да се ослободите од вишокот течности во организмот и исто така овозможува редовно празнење и отстранување на чувството на подуеност.

Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, најдобро е тоа да го направите постепено, со регулирање на исхраната и со воведување на физички активности, макар и пешачење.

Саси водата може да ви помогне на патот кон идеалната тежина. Еве ја рецептата за Саси вода:

Состојки:

  • 8 чаши вода
  • 1 краставица
  • 1 лимон
  • 1 мала лажица ѓумбир

Подготовка:

Краставицата и лимонот се сечат на тркалца и заедно со лажичката ѓумбир се ставаат во водата. Откако се добро ќе се измеша, смесата се става во фрижидер да отстои цела вечер. Наредниот ден веднаш се пие, еден саат пред јадење. Наредната вечер пак ја правите истата смеса.

Сподели