Кефирот е млечен напиток кој се прави од кефирни габички и кравјо, овчо или козјо млеко, а поради своите лековити својства уште го нарекуваат и магично млеко.

Кефирот е полн со витамини, минерали, пробиотици и други хранливи состојки, а можат да го конзумираат и луѓето на кои организмот не им поднесува лактоза.

Овој киселкаст напиток се припремува од кефирни габички.

Еве 10 здравствени благодети кои ќе ви ги донесе кефирот:

  • Го јакне имунитетот
  • Го чисти организмот од отрови
  • Го одржува нормален крвниот притисок
  • Го намалува нивото на холестеролот
  • Помага при желудични тегоби
  • Ја обновува цревната флора и ги ублажува цревните болести
  • Помага при болести на бубрезите
  • Делува како природен антибиотик
  • Помага при анемија и лоша циркулација
  • Ги лекува респираторните болести
loading...
Сподели