Сакате да се ослободите од салото на стомакот а не знаете како да го направите тоа?

Посегнете по овој пијалак кој многу лесно се прави, а ги топи вишокот маснотии.

Се работи за комбинација на чиа семиња, мед, лимон и вода, во точно определени количини.

Луѓето кои се обиделе со овој метод на губење на тежината велат дека навистина им помага, а резултатите се гледаат веќе за една недела.

Покрај тоа, се работи за состојки кои се многу добри за здравјето, така што целото тело ќе има корист од пиењето на овој пијалок.

Чиа семињата се познати како одлични антиоксиданти, и полни се и со влакна.

Состојки:

  • лажица чиа семиња
  • лажица мед
  • сок од еден лимон
  • една и пол чаша вода

Подготовка:

Ставете го семето во вода и оставете го да отстои еден час (можете да ги ставите во вода и навечер, а наутро да ги додадете и другите состојки ).

Додадете сок од лимон и мед и добро промешајте. Ако сакате пијалакот да има мазна текстура, ставете го во блендер.

Пијте го ова секое утро на празен стомак.

Сподели