Ѓумбирот е навистина здрав, а за неговата лековитост се зборувало многу.  Добар е за ублажување на мачнини, настинки, за симнување на шеќерот во крвта. Дури има и антиканцерогено дејство. Тој има позитивни ефекти врз расположението и го ублажува стресот.

Ѓумбирот е вистинско позитивно доживување за желудникот и цревата, и е добро познат како лек за настинка и грип, гадење, ја подобрува циркулацијата и го зголемува имунитетот.

И што е многу важно, го чисти вашето тело од токсични отрови што се акумулираат во него.

Доколку имате проблеми со варењето и чувствувате мачнина во желудникот подгответе го следниот чај од ѓумбир.

Состојки:

  • 4 чаши вода,
  • 2 парчиња свеж корен од ѓумбир  (5 cm дебелина)
  • мед и
  • парче лимон.

Подготовка:

Ѓумбирoт се сече на тенки парчиња и се става во врела вода да се вари. Се остава на тивок оган 15 до 20 минути. Откако ќе се свари, во чајот се додаваат медот и лимонот.

НАПОМЕНА: Не треба да користите ѓумбир, ако имате срцеви проблеми или проблеми со црниот дроб, ако температурата на телото ви е зголемена или слузокожата ви се иритира. Воздржете се од ѓумбир ако имате крвавење или сте во вториот и третиот триместар од бременоста. Бидете сигурни дека не сте алергични на ѓумбир!

Advertisement