Како надворешна температура од ден на ден се намалува, се повеќе и повеќе во плакарот сме во потрага за сите оние плетени, волнени и топли нешта со кои ќе бидеме заштитени од снег, влага и ветер. Сепак, за разлика од полесните материјали како памук, лен и свила, волната си бара посебна грижа во одржувањто …

Ние ви носиме пет едноставни совети како да ја одржувате вашата облека од волна за истата да остане во онаа состојбата како кога сте ја купиле.

Одржување

Бидејќи материјалите од волна се многу чувствителни на прашина, особено се погодни во нив да се створат молци, најдобро би било ако облека по секое носење ја исчеткувате со мека четка. Не би било лошо и одвреме навреме да ги прегледувате џемпери и да им ги отстранувате грутките. Ако случајно се случи да го извалкате вашиот омилен кардиган или шал, што поскоро однесете го на хемиско чистење.

Перење

Ако на етикетата нема знак за Dry Clean Onlyе односно дека треба да се одржува исклучиво со хемиско чистење, најдобар начин за отстранување на нечистотии од него е да го измиете рачно. Но, бидете внимателни при изборот на детергент. На пазарот постојат прашоци за рачно миење, како и течни детергенти, на кои е обележно дали се доволно лесни и погодни за волна. Мала количина се раствора во топла вода, а потоа се нурнува облека и по пет минути, исплакнете со ладна вода. Отстранете го вишокот на вода со нежно притискање надолу, а потоа волненото парче замотајте го во крпа и оставете да ја апсорбира останатата влага.

Сушење

Волнена облека, никогаш не треба да се стави да се исушат обесена на жица. Овој деликатен материјал како сунѓер апсорбира големи количини на вода, со што доаѓа до зголемување на тежината на облека, така што со цедењето лесно може да се дојде до неговата деформација. За да не избледи, најдобро е плетените работи да се сушат на рамна површина на собна температура, подалеку од сончева светлина или прекумерна извор на топлина. Исто така, никогаш не ставајте влажен волнен џемпер, шал или чорапи во плакарот, бидејќи во овие парчиња лесно се населуваат несаканите бактерии па дури и габички.

Пеглање

Волнена облека, никогаш не треба да се пегла сува, се препорачува да се истиснува пареа на секој притисок. Запомнете дека секој пат кога ќе пеглате џемпер да го свртите од обратната страна. Разбирливо е дека температурата на пеглата ќе ја прилаготите според програмот на кој пишува дека е наменет за волна.

Чување

Внимателно складирање на волнената облека е исто толку важно да се зачува квалитетот, како и правилното миење. Како што споменавме претходно, волната е многу чувствителна на молци, па затоа од суштинско значење е во вашиот шкаф за плетена облека да ставите лаванда или било која друга супстанца која ги уништува овие несакани штетници. А за да ја задржите нивната форма и облик, не е препорачливо џемперите да се закачуваат на закачалки, многу е подобро да се здиплат внимателно и да се стават на полица, така што нема да бидат притиснати од другите парчиња гардероба.

Ако ги следите овие совети, вашата омилена зимска гардероба ќе може да помине повеќе сезони како да е сосема нова.

Сподели