Пет причини – Зошто да јадете јајца?

Јајцата долго време ја имаат репутацијата дека го зглемуваат холестеролот. Да, тоа е точно , но ако ги јадете умерено, тие се полни со здравје и му помагаат на вашето срце да биде здраво, пишува Huffington Post.

Еве пет причини, зошто треба да ги користите во секојдневата исхрана:
1. Кој јаде јајца, раѓа здраво бебе 
Тие се обавезна храна на секоја трудница, бидејќи се полни со холин и витамин Б, кои се неопходни за развој на мозокот на бебето. Холинот помага и да не дојде до ментално пореметување кај бебето односно го намалува ризикот од Даунов синдром.

2. Јајцата помагаат да не сте многу гладни
Доколку јадете високопротеински доручек, нема да осетите глад. Осет на ситост ќе имате преку целиот ден. Ова е посебно важно за луѓето кои се на диета.

3. Јајцата ги подобруваат рефлексите
Тирозинот и амино-киселините што ги содржат јајцата помагаат луѓето да имаат подобри рефлекси, тврдат некои испитувања. Тие особено се важни за шоферите. Треба да ги јадат секојдневно, за да имаат подобри рефлекси.

4. Јајцата го смалуваат ризикот за рак
Антиоксидантите кои ги содржат јајцата, го намалуваат ризикот од рак и болести на срцето. Со варењето на јајцето се намалува бројот на антиоксиданти на половина, но остатокот можете да го надополните со јадење на јаболка.

5. Јајцата го намалуваат крвниот притисок
Протеините кои ги содржат јајцата, помагаат за намалување на крвниот притисок, кој е еден од главните причини за добивање на болести на срцето.

Advertisement