Пет начини да се снижи притисокот

  • Растворете лажица мед во чаша обична вода. Додајте во тоа сок од половина лимон. Добиената напивка испијте ја наутро на празен стомак, одеднаш .Курата трае една недела.
  • Лажица суви или замрзнати плодови од капина прелејте со 300 мл зовриена вода, а потоа варете десет минути на тивок оган. Оставете го тоа да се олади, исцедете го и пијте по 100мл трипати дневно, пред јадење, додека не ви се подобри состојбата.
  • Лажица семе од миродија, прелијте со шолја зовриена вода.Оставете го тоа да отстои еден час, а потоа исцедете го и пијте по третина шолја, трипати дневно. Курата трае до нормализација на притисокот.
  • Помешајте суви иситнети цветови од камилица,смил и кантарион со плодови од јагода и пупки од бреза.Лажица од мешавината прелијте со шолја зовриена вода, па оставете го тоа да се олади.Исцедете и пијте еднаш дневно, пред јадење(најдобро наутро). Курата трае една недела.
  • Загрејте три-четири лажици какво било билно масло, а потоа додајте во тоа неколку капки алкохолна тинктура од нана и етерично масло од грејпфрут.Со нежни движења втријте ја смесата во тилот (доколку не постои алергија). По масажата треба да лежите половина час.
Scroll To Top