Пазете се од емоционалното прејадување

fast-food-1Американските научници се повеќе  предупредуваат дека една од причините за дебелеење е таканареченото емоционално прејадување. Кога се под стрес, луѓето не мислат што  јадат, а од друга страна инстинктивно се стремат да каснат што повеќе од вкусната  храна. Тие не обраќаат доволно внимание во тој момент и на порциите.

Според експертите за исхрана, не е тешко човек да се справи со овој проблем. Луѓето треба да знаат дека кога се под стрес и имаат желба многу да јадат, прво и основно правило е, да имаат самоконтрола на емоциите.

Во експеримент, со 315 волонтери кои биле главно студенти, е утврдено дека кога младите запаѓале во тешкотии при решавање на одреден проблем, тие започнувале да јадат нездрава храна. Кога биле позитивно настроени и задоволни од својата работа, младите прво јаделе помалку и второ, размислувале која е корисна  храна за нив. Многумина се одлучувале за овошје и тоа во мали количини.

Лекарите советуваат, кога луѓето доживуваат чувство на  било какво незадоволство, да не посегнуваат веднаш кон храна. Дури замислата за остварување на некој сон би можела да помогне против емоционалното прејадување.

Advertisement