Пашканатот потекнува од медитеранските краеви. Тој е двогодишно растение и се бере во ладните месеци откако ќе падне слана. Ова растение е близок роднина на морковот, магдоносот, целерот, кимот, копарот и др. Има кремава боја и има поблаг вкус од морковот.

Во просек, пашканатот содржи повеќе шеќер од морковите, цвеклото и репката и има еквивалентна калориска вредност (75 калории во 100 грама) со некои овошја, како што се: банана, грозје, итн. Сепак, слатките и сочни корења се богати со повеќе корисни, хранливи фито-материи, витамини, минерали и растителни влакна.

Пашканатот е еден од најдобрите извори на растворливи и нерастворливи растителни влакна. Во 100 грама пашканат има 4,9 милиграми или 13 проценти растителни влакна. Соодветната застапеност на растителните влакна во исхраната помагаат во намалување на штетниот холестерол, прекумерната телесна тежина и олеснување на констапацијата.

Како и кај морковите и другите членови од фамилијата apiaceae, пашканатот исто така содржи полиацетиленски антиоксиданси, како што се фалкаринол, фалкариндиол, панаксидиол и метилфалкариндиол.

Неколку научни студии на универзитетот Њукасла покажаа дека овие состојки имаат антивоспалителни, антигабични и антиканцерогени својства и нудат заштита од рак на дебелото црево и лимфобластна леукемија.

Свежите корења исто така се богати со витамин Ц, обезбедувајќи околу 17 милиграми или 28 проценти од дневната препорачана доза. Витаминот Ц е антиоксиданс кој се раствара во вода. Помага во одржувањето на здравјето на сврзното ткиво, забите и непцата. Антиоксидантските својства помагаат во заштитата на телото од болести и рак, преку собирање на штетните слободни радикали.

Исто така, богат е со витамини од Б-комплексот, содржи калиум, калциум, бакар, магнезиум и фосфор кои помагаат при регулација на работата на срцето и крвниот притисок.

Но луѓето кои се  алергични на полен, ореви,смокви, моркови и магданос треба да го избегнуваат пашканатот.

Сподели