Келерабата е исклучително богата со одредени Б – витамини, како што е витаминот Б6 кој е важен за сите метаболички реакции, биотинот – за здрава кожа и квалитетна коса, ниацинот – Б5, за виталност, клеточна енергија, создавање на пигменти на кожата и косата.

Богата е и со исклучително големи количини на витамин Ц. Една главичка, тешка 120 грама, може да ги покрие дневните потреби од овој витамин. Витаминот Ц секоја секунда го користат околу 70 милијарди телесни клетки, како катализатор. Тој е задолжен за одржување на нормалното ниво на хормоните, како и за зајакнување на имунолошкиот систем.

Келерабата нуди бројни придобивки за здравјето:

  • ја потикнува размената на материите и создавање на крвта,
  • ја зајакнува кожата и косата,
  • го зајакнува имунитетот и спречува појава на инфекции,
  • ја враќа менталната свежина и ја подобрува концентрацијата,
  • помага во снабдувањето на клетките со кислород,
  • помага во намалувањето на телесната тежина.
Сподели