Во денешно време многу луѓе се погодени со различни кожни тегоби кои варираат од полесни екцеми до тешки тегоби кои предизвикуваат големи психички проблеми, непријатност и социјално исклучување.

Некои од главните причинители на кожните болести можат да бидат стрес, потиснати емоции, загадување на околината, хормони, неподнесување на одредени намирници…

Таквата состојба на кожата може да се ублажи или елиминира со комбинација на избегнување на стрес, вежбање, правилна исхрана, редовна детоксикација, суплементи, лековита козметика…

Во природата постои лек од билка за секоја болест, а со оглед на бројот и видот на билки тоа е лесно возможно, само е потребно да се најде одговарачката комбинација.

Следи еден од најделотворните рецепти, а може да се пие за било која врста на кожна болест.

Природен дермален еликсир за сите кожни болести

Измешајте еднакви делови: листови од орев, кора од даб и врба, коприва и невен. Земете 3 лажички од мешавината и прелијте ги со 7дл зовриена вода. Покријте, па по 15 минути исцедете. Пијте по 3 пати на ден половина час пред оброк. За да ги видите резултатите бидете редовни и упорни во испивањето на овој пијалок. Сите состојки можете да ги наберете сами или да ги купите во билните аптеки и продавниците за здрава храна.

Во што е тајната на лековитоста на чајот за сите кожни болести?

Главниот акцент од сите состојки на овој чај е анти-воспалителното делување и прочистувачко делување на растенијата. Фитотерапијата кај сите болести препорачува растенија кои ја чистат крвта бидејќи така се чисти и кожата и го забрзува заздравувањето а со тоа и го намалува ризикот од повторување на болеста.

Овој чај помага при намалување на иритација, црвенило, воспаление, чешање и болка.

Листови од орев

Тие имаат силни анти-воспалителни својства и традиционално се користат кај кожните болести. Се применува како третман за сериозни бактериски и габични инфекции, кај третирање на кожни воспалнија, но и воспалување на гастроинтестиналниот систем, акни, крварење на непцата, егзема и прекумерно потење. Се користи како средство за детоксикација на телото, зајакнување на желудникот и подобрување на варењето на храната и крвната слика, против чирови и гнојни рани.

Коприва

Копривата го зајакнува телото и ја прочистува крвта. Таа содржи моќен антиоксидант кверцетин и антихистаминик кој ги намалува тешките воспаленија. Копривата е лек за многу болести на кожата (уртикарија), и осип како и други алергиски реакции на кожата.

Кора од даб

Кората од даб е богат извор на танини кои дејствуваат силно антиинфламаторно на целиот организам. Имаат својство да го запрат крварењето и ги затегаат ткивата оштетени од разни повреди и инфекции. Таа се користи за чирови, бел исцедок, егзема, проширени вени. Кората од даб се собира од мај до јуни. Најефикасна е кората од најмладите гранки и гранчиња.

Кора од врба

Кората од врба е природен извор на ацетисалицилна киселина – аспирин. Веројатно знаете дека тој се користи за лекување на главоболки, а во дермалните примени одличен е против акни, знаци на стареење, слабеење на тонот на кожата. Чајот направен од врба дејствува антиинфламаторно, содржи супстанции наречени полифеноли и флавоноиди, кои имаат анти-воспалителни, антисептик, антиоксиданс, антипиретик и имуностимулаторни својства. Кората од врба го стимулира лачењето на пот и токсините од телото, што придонесува за побрзо оздравување. Кората од врба се собира на пролет.

Невен

Невенот е блага билка со извонреден ефект врз кожата. Тој делува стимулирачки на црниот дроб и жолчката, ја прочистува крвта и стимулира детоксикација. Бојата на цветовите укажува на тоа дека содржи поголема количина на бета каротен, кој е еден од најважните витамини за здравјето на кожата, штити од штетните сончеви зрачења, а помага и на здравјето на очите.

loading...
Сподели