Спрема едно американско истражување, ако пиете чаша сок од домати секој ден, ќе бидете заштитени од добивање на рак на дојка.  Сокот од домати помага за произведување на хормонот, за кој се смета дека заштитува од оваа болест.

Една чаша сок од домати на ден содржи доволно количество на супстанцијата ликопен, за која се смета дека штити од рак на дојка.

Ликопенот на доматите им дава интензивна црвена боја. Луѓето кои не пијат сок од домати, можат да јадат супа од домати, шпагети со доматен сос или домашен кечап.

Научниците од Универзитетот Рутгерс го испитувале нивото на хормонот кај 70 жени на возраст над 55 години, на тој начин што 10 недели пиеле сок од домати. Сите овие жени имале прекумерна тежина или имале роднина болна од рак на дојка, со што се зголемува ризикот од болеста и кај нив.Количеството ликопен, содржана во чаша сок од домати, го  зголемило нивото на хормонот адипонектин со 9% – утврдиле научниците.

Хормонот адипонектин учествува во регулирањето на нивото на мастите и прекумерната тежина кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка. Нивото на хормонот е зголемен најмногу кај послабите женски особи. Доматите се најдобар извор на ликопен, но мали количини од оваа супстанцијата ги има во гуавата, лубениците, кајсиите и розовиот грејпфрут.

loading...
Сподели