Топлото време е совршен период за детоксикација на организмот и за опоравување од тешката и масна храна во којашто уживавме во текот на зимските месеци. А сокот од цвекло и целер е најлесниот начин за да го исчистите своето тело и тоа за само 42 часа.

За подготовка на овој сок потребни ви се 50 грама цвекло, 20 грама целер, 20 грама морков, 3 грама компир и 2 грама ротквица.

Подготовката е едноставна. Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не добиете сок со текстора каква што посакувате.

Сокот се препорачува да се пие два пати дневно.

Овој сок е одличен за целиот организам бидејќи ги содржи витамините Б1, Б2, Б6 и витаминот Ц, а содржи и антиоксиданти, фолна киселина и минерали како што се фосфор, калиум, калциум, магнезиум, цинк, натриум и железо.

За да го интензивирате ефектот на детоксикација, исфрлете ги сите штетни материи од исхраната додека го пиете овој сок. А тука секако спаѓаат алкохолот, цигарите, рафинираните шеќери и заситените масти.

Важна препорака: Доилките, малите деца, личностите коишто патат од хронични дегенеративни болести, рак или туберкулозам, не би требало да прават детоксикација на организмот. Ако се сомневате дека постои некоја причина поради која детоксикацијата не би ви годела, побарајте совет од вашиот матичен лекар.

Сподели