Овој моќен лек може многу да ви помогне при бронхитис!

Акутен бронхитис кој се базира на висока телесна температура, искашлување и големи болки во градите обично трае недела дена а можеби и повеќе.

Според проценките на лекарите, бронхитис обично се лечи со антибиотици, но од голема помош за брзо и сигурно оздравување се чаевите и други билни препарати.

Ова е моќен рецепт за природен лек за бронхитис од лимони и мед.

Потребни состојки:

  • 10 лимони,
  • 1 килограм мед и
  • 10 главици лук.

Лимонот исечкајте го на парчиња, лукот излупете го и исечкајте го. Измешајте со мед и оставете во затворена тегла да отстои недела дена. Земајте по четири лажички дневно, растворувајќи ја смесата во уста и лесно голтајте.

Кашлицата е основен знак и секогаш е присутна при акутен бронхитис.

Во почетокот е сува и непродуктивна, а покасно станува продуктивна, со искашлубање на мукоидна, мукопурулентна содржина.

Кашлицата понекогаш е пратена со препотување. Болниот може да чувствува лесна омалаксаност, субфебрилност, секреција од носот. Кашлицата понекогаш може да се јави во пароксизби – напади предизвикани со вдишување на ладен воздух, пушење, физички напор, зборување или смеење. Ако има гушење и свирење во градите значи има присуство на бронхоспазам.

Важна Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Акутен бронхитис претставува краткотрајно (акутно) воспаление на слузницата на бронхиалното стебло.

Најчесто се јавува во есен и зима или во студена и влажна сезона.

Се развива во три етапи:

  • на почетокот како ринофарингетис, што значи кијавица и ангина, во траење од еден до три дена;
  • потоа сув бронхитис со кашлица, оскудна слузава плунка и покачена температура до 38 степени;
  • и најпосле како катарален бронхитис со кашлица и течна обилна плунка.

Акутниот бронхитис може да се јави како самостојна болест или во склоп на друго заболување, на пример мали сипаници. Кај возрасните поминува лесно за неколку денови, а кај децата може да се комплицира со бронхопнеуномија.

Advertisement