На секоја жена и се случува да седи до доцна, да стои пред компјутер или смартфон, да има проблеми со бубрезите или да биде изложена на постојан стрес… Сето ова најмногу се одразува на очите, односно се појавуваат темните кругови под очи или т.н. темни торбички. 

Најлошо е тоа што некогаш дури најскапата фармацевтска козметика неможе да го спречи овој проблем, а со тоа само додавта уште некоја година плус на вашето лице.

За полесно да се ослободите од мрачните кругови под очите, ви препорачуваме да го употребувате овој природен лек, кој можете да го направите сами во домашни услови. За да го подготвите лекот, потребно ви се само неколку компоненти, но ефектот е зачудувачки!

Природен лек за темни кругови под очите

Состав:

  • 1/2 супена лажица мелено кафе
  • 100 мл бадемово масло
  • 1 супена лажица масло од авокадо

Подготовка и примена:

Ставете го кафето во стаклен сад. Додајте го бадемовото масло. Количеството на масло треба да го облие кафето. Затворете го садот и оставете го да отстои на темно место 4 до 5 дена.

Вака добиеното количество масло, после петтиот ден е добро снабдено со корисни материи од кафе. Откако ќе отстои смесата, може да ја прецедите. Внимавајте да нема остатоци од кафето, ако е потребно прецедете ја смесата неколку пати за да добиете чиста маслена смеса.

Кон прецеденото масло додадете ја количината масло од авокадо. Затворете го садот и добро промешајте. Најдобро е вака добиеата течност да се чува во шишенце со рол-он ваљак, кое може да го набавите од аптека.Овој лек чувајте го во фрижидер на ладно.

Нанесувајте го лекот под очите, секое утро и оставете да дејствува како серум околу 20-тина минути.

Сподели