Овој лек честопати го препорачуваат лекарите кај пациенти со особено опаднат имунитет. Богат е со активни состојки кои му помагаат на организмот да се избори со многу тешки болести, а можат да го земаат и сосема здрави луѓе.

Потребни состојки:

  • ½ литар сок од лимон (се добива од околу 1 кг.лимони) се меша убаво со:
  • 1 кг мед (1 тегла, ако медот е кристализиран, се меша додека да се растопи)
  • 350 г Таан ( ½ тегла) па во тоа се додаваат мелени:
  • 250 г бадеми
  • 250 г ореви
  • 250 г лешници
  • 250 г сусам (мелен на машинка за кафе)
  • 10 г цимет, мелено или 10 г морско оревче, рендано
  • 30 мл прополис

Овој лек дава одлични резултати. Болни од карцином и болни кои се на хемотерапија во почетокот земаат ударна доза- вкупно 4 супени лажици дневно и тоа:

-првата лажица наутро на гладно

-втората лажица 2 часа по појадокот

-третата лажица 2 часа по ручекот

-и последната, четвртата лажица навечер пред легнување.

Кога ќе се утврди дека имунитетот е добар, за понатамошно одржување на имунитетот дозата се намалува на половина, односно се земаат вкупно 4 мали кафени лажички дневно по истиот распоред. Намалената доза може да ја земаат и здрави луѓе за одржување на имунитетот.

loading...
Сподели