Доколку имате болно грло или отечени крајници а антибиотиците не ви се во преден план, направете ги овие природни лекови кои ќе ви помогнат. По народот е познат како Бабин лек од кој само за 1 ден ке ви поминат крајниците!

Болни крајници: Во 250мл домашна ракија се додаваат 125г мед. Смесата се загрева додека медот не се раствори, и се прави гаргара 3 пати дневно.

При настинка и болки во грлото:  Се нанесува ракија на крпа и се става  црн пипер. Крпата се обвива околу грлото и се покрива одозгора со волнен шал. Дозволете така да отстои преку ноќ.

Компресијата со ракија не се препорачува на бремените жени, доенчиња и мали деца. Освен тоа ако правите компресирање со ракија на градите, никогаш не ја ставајте врз срцето.
Уште еден проверен, едноставен, но многу ефектен рецепт од Руската традиционална медицина за лекување на воспалено грло и крајници.

1 погелемо парче цвекло
9% алкохолен оцет/киселина
Изрендајте го цвеклото на ситно ренде…на 250гр изрендано цвекло додадете 1 супена лажица оцет, (на 500гр, 2 супени лажици).

Измешајте и оставете 15-20мин да отстои.Исцедете низ газа или пластична цедалка. Остатокот од цвеклото, е веќе непотребно, фрлете го.

Испирајте го грлото редовно на 2-3 часа (може и да се голта, за подобар ефект) Резултатите нема да изостанат.

На овој начин, цвеклото успешно лечи хронично воспаление на грлото и гнојна ангина

loading...
Сподели