Тегавецот е една од најраспространетите билки кај нас. Тој е многу ценет лек уште од давнина, бидејќи во себе содржи многу лековите својства.

Тегавецот го има во две врсти:

  1. Женски тегавец 
  2. Глаток тегавец

И двете врсти на билки имаат многу лековити својства и доста ги употребуваат во алтернативната медицина, за правење на многу природни лекови.

Придобивки од тегавецот:

  • Сирупот од тегавец ја чисти крвта од отровни материи.
  • Свежи добро измиени и изгмечени листови од тегавец се ставаат на посекотини, гребаници и разни други површински рани и повреди на кожата и слузокожата, на места каде имате убод од инсекти, змии и кучиња.
  • Листот од тегавец го чисти многу добро шлајмот насобран во органите за дишење и така го олеснува искашлувањето.
  • Го намалува зачестеното мокрење и делува доста поволно на пробавата и органите за варење (против грчеви, пролив, чир на дванаесетпалачното црево и желудникот), а е добар и за лекување на акни и црвенило на кожата. Тегавецот во себе содржи големо изобилство на витамин Ц, провитамин А, фитонциди и калиумова сол.

Еве неколку билни рецепти кои може да ви бидат од корист:

Мелем од тегавец

Овој мелем служи за јакнење на организмот и имунитетот. Потребни ви се 300 гр листови од женски тегавец и 1 кг планински мед.

Листовите треба добро да се измијат, да се исушат и да се смелат со машинка за мелење месо. Оваа смеса се меша со медот и се чува во тегла.

Се зема по една лажичка секој ден пред јадење.

Овој природен лек е одличен за јакнење на имунитетот.

Облоги за рани

Свежите листови од тегавец, се мијат и се гмечат со оклагија, и смесата се става на раните.

Чај од тегавец

Полна лажица сомелени листови од тегавец се преливаат со 0.25 л врела вода и се оставаат кратко да отстојат.

Се пие секое утро по една шолја, 1 до 2 шолји се пијат во текот на денот и една се пие пред спиење.

Овој чај е добар за исфрлање на шлајмот од органите за дишење.

Сируп од тегавец

Сомелете 2 полни лажици листови од тегавец со машина за мелење месо. Во таа смеса ќе додадете малку вода, 300 гр жолт шеќер и 250 гр мед. Тоа се вари на тивко, се додека не се добие густа смеса. Откако ќе се излади сирупот, ставете го во фрижидер.

Пијте по една лажица пред јадење.

Овој сируп се користи за јакнење на имунитетот и прочистување на крвта.

Сподели