Димарка (Fumaria officinalis) е едногодишна зељеста билка со стебло високо до 40 см.

Листовите се трократно расечени на линеарни делови. Цветовите се со неправилна форма собрани во гроздови на врвот од гранчето, од розеникави до загасеноцрвени.

Плодот е како мало оревче, околу 2 мм во дијаметар. Цвета од јуни до септември.

Ако димарката се консумира осум дена, ги зголемува еритроцитите (црвените крвни зрнца), а ако се зема подолго, нагло ги намалува, исто како при испуштање на крв кај пациентот (или како што правеле порано, со ставање пијавици).

Во случај на склероза на крвните садови, за да се намали притисокот во нив, се пие наутро сок од оваа билка, во доза од 10-20 грамови во 200 мл топла вода, како чај.

Добро е исто така, 50 г од билката да се прелие со еден литар зовриена вода, а потоа да се остави пет минути, па да се процеди. Се пие 2-3 пати дневно по еден филџан.

За сируп, 150 грама свежо исцеден сок се готви на тивок оган со 150 г шеќер додека да се постигне густина на сируп.

Се консумира по 2-5 кафени лажички, пред јадење, за подобра размена на материите. Алкохолна тинктура се зема во доза од по 20 капки пред ручек и вечера.

Димарката лекува од шеќерна и водена болест, хемороди, катар на желудникот и цревата, болести на дишните патишта, црн дроб, скорбут, скрофул, артериосклероза, нечиста кожа и лишај.

Кај животните димарката предизвикува труење со грчеви во срцето и централниот нервен систем.

Пред употреба на билката консултирајте се добро со фитотерапевт.

loading...
Сподели